• сабота, 23 ноември 2024

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август 

Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август 

Скопје, 21 август 2023 (МИА) – По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.  

Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман.  

На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември.  

Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден. ев/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан