• сабота, 23 ноември 2024

По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“

По 31 година, Луксембург се враќа на „Евровизија“

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - По 31 година, Луксембург ѝ се враќа на „Евровизија“. Земјата последен пат учествуваше на натпреварот за најдобра песна во 1993 година. На натпреварот, песната испратена од Луксембург е избрана за најдобра пет пати - во 1961, 1965, 1972, 1973 и во 1983 година.

„РТЛ Луксембург“ сега ги откри осумте кандидати што ќе се натпреваруваат за да ја претставуваат државата на „Евровизија“ во 2024 година, која ќе се одржи во Малме, Шведска, на 7, 9 и 11 мај.

Од речиси 300 артисти, „РТЛ Луксембург“ ги избра најдобрите осум. Тие ќе се натпреваруваат во првата сезона на „Luxembourg song contest“. Најавено е песните на осумте најдобри да бидат објавени во наредните недели, пред да се одржи натпреварот во Луксембург на 27 јануари. бд/бак/

Фото: Официјална веб-страница на „Евровизија“

Остани поврзан