По 11 кола Вулверхемптон ја забележа првата победа сезонава во Премиер лигата
- Вулверхемптон вечерва на домашен терен го совлада Саутемптон со 2:0 во натпреварот од 11. коло на Премиер лигата.

Вулверхемптон, 9 ноември 2024 (МИА) - Вулверхемптон вечерва на домашен терен го совлада Саутемптон со 2:0 во натпреварот од 11. коло на Премиер лигата.
Стрелци за домаќините беа Пабло Сарабија (2. минута) и Матеус Куња (51. минута).
За Вулверхемптон ова е прва победа оваа сезона во англиската Премиер лига.
„Волците“ со шест бода се искачија на 18. место во поредокот оставајќи го Саутемптон на самото дно со четири бодови. зс/
Фото: ЕПА