• вторник, 26 ноември 2024

По затворањето на амбасадата во Лондон, Авганистан го затвора и претставништвото во Норвешка

По затворањето на амбасадата во Лондон, Авганистан го затвора и претставништвото во Норвешка

Кабул, 10 септември 2024 (МИА) - Авганистан ја затвора својата амбасада во Норвешка, еден ден по најавеното затворање на претставништвото во Лондон.

Во соопштението од амбасадата на мрежата X е наведено дека затворањето ќе се случи во четврток и дека просториите во Осло ќе бидат предадени на Министерството за надворешни работи на Норвешка.

„Амбасадата на Исламската Република Авганистан, како и многу други политички и конзуларни претставништва на Авганистан, ќе ги продолжат своите активности со вредностите на почитување на човековите права, плурализмот и мирот, и покрај бројните тешкотии и ограничените ресурси“, се вели во соопштението на амбасадата.

Британското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека Авганистан ја затвора својата амбасада во Лондон.

Талибанските власти во Кабул не дадоа коментар за затворањето на амбасадите во Осло и Лондон. паг/

Фото: МИА архива




 

Остани поврзан