Почна изградба на канализациска мрежа во кумановско Горно Којнаре
- Жителите на дел од селото ќе добијат приклучок на мрежата. Станува збор за рамничарско село со нешто над 1.000 жители. Во еден дел од селото веќе има главен вод, информираа денеска жителите, кои додаваат дека сега почнува изградбата на вториот главен вод. Тие велат дека во селото последниве години забележана е тенденција на враќање на дел од жителите, изградба на нови куќи.
Куманово, 12 јули 2024 (МИА) - Почна изградбата на дел од фекална канализациска мрежа во кумановското село Горно Којнаре, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Жителите на дел од селото ќе добијат приклучок на мрежата. Станува збор за рамничарско село со нешто над 1.000 жители. Во еден дел од селото веќе има главен вод, информираа денеска жителите, кои додаваат дека сега почнува изградбата на вториот главен вод. Тие велат дека во селото последниве години забележана е тенденција на враќање на дел од жителите, изградба на нови куќи.
За изградбата на дел од мрежата, општина Куманово одвои 2.460.300.000 денари. На електронската аукција се пријавиле тринаесет компании. Договорот е склучен со скопска компанија. ам/цр
Фото: Општина Куманово