• понеделник, 23 декември 2024

Почна градежната сезона во општина Чашка

Почна градежната сезона во општина Чашка

Велес,12 март 2024 (МИА) - Во селото Отиштино  се асфалтираше улица со вкупна должина од 250 метри и широчина од пет метри со рабници по должина на целата улица.

- Асфалтирањето на улицата е преку програмата „Проект за поврзување на локални патишта" финансиран со средства од Меѓународната Банка за обнова и развој, а преку Министерството за транспорт и врски. Со асфалтирање на оваа улица неделава  започна градежната сезона во Општина Чашка ,информира градоначалникот Горан Стојановски.

Тој најави дека  оваа година по завршувањето на тендерските постапки ќе започнат со реализација на  дел од повеќе предвидени проекти: Асфалтирање на две улици во село Горно Јаболчиште (довршување на главната улица од центарот на селото до селските гробишта и крак кон месноста викана Сипочан). Ќе има бетонирање и поплочување со бекатон плочки на улици во повеќе населени места низ Општина Чашка, како и асфалтирање на локалниот пат до село Чашка.

Годинава ќе се работи на довршување со нов слој асфалт на регионалниот пат до село Извор и асфалтирање на локалниот пат до село Војница Ќе се работи и на  изградба на Дом на култура во населба Чашка.

-Локалната самоуправа оваа година интензивно  ќе продолжи со градежната офанзива со цел подобрување на патната, комуналната и останатата инфраструктура за подобро живеење на  месното население во населените места во Општина Чашка, потенцира  Стојановски. ад/мд/

 ФОТО: Општина Чашка
 

 
 

 

Остани поврзан