• четврток, 03 октомври 2024

Почина д-р Фатмир Рушани, началник на кожното одделение во тетовската болница

Почина д-р Фатмир Рушани, началник на кожното одделение во тетовската болница
Тетово, 27 јануари 2022 (МИА) - На 65 години почина познатиот тетовски лекар, началникот на кожното одделение при Клиничката болница Тетово и специјалист дерматовенеролог Фатмир Рушани. Голем број роднини и колеги ја споделија веста по социјалните мрежи, а веста ја потврдија и од Клиничката болница во Тетово. -Роден на 3 мај 1956 година. Дипломирал на универзитетот во Приштина во 1984 година, додека специјализирал дерматовенерологија на државниот универзитет во Скопје во 2003 година, информираа од неговото семејство. Погребот на починатиот ќе се изврши денес по пладневната молитва.ас/свс/

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан