• сабота, 27 јули 2024

Поставени првите ГПС-предаватели на еребици камењарки

Поставени првите ГПС-предаватели на еребици камењарки
Охрид, 7 јуни 2022 (МИА) – На две единки еребици камењарки во националниот парк „Галичица“ им се поставени ГПС-предаватели. Акцијата на заловување на птиците ја направил тим научници од Македонското еколошко друштво – МЕД, DOPPS - BirdLife Slovenia и НП „Галичица“. - Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат, а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации, како и нивните закани, соопшти МЕД. Целата акција се одвивала во националниот парк „Галичица“ околу локалитетите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро. - Имајќи на ум дека ова е ловна птица колку повеќе знаеме за неа толку полесно ќе можеме да направиме добри акциски и мониторинг-планови и ефективни конзервациски мерки, се наведува во инфорацијата. сс/сст/

Остани поврзан