• понеделник, 16 декември 2024

Посебен режим на сообраќај утре во општина Аеродром

Посебен режим на сообраќај утре во општина Аеродром

Скопје, 25 март 2023 (МИА) -  Поради најавен ракометен натпревар утре, со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром. 

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на булевар „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. мд/лв/

Остани поврзан