Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје
- Во поширокото централно подрачје на Град Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.
Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Во поширокото централно подрачје на Град Скопје денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, посебниот режим на сообраќајот е поради најавената официјална посета на делегација предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, се вели во соопштението. мд/дма/
Фото: МИА архива