• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени

Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во раните утрински и претпладневни часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од петок се очекува постепен пораст на температурата.ар/лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан