Португалските клубови со најголема заработка од трансфери
- Водечките клубови од првата португалска фудбалска лига остварија најголема заработка во светот од трансферите на играчи во периодот од 2015 до 2024 година, покажува извештајот на Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES).
Лисабон, 13 септември 2024 (МИА) – Водечките клубови од првата португалска фудбалска лига остварија најголема заработка во светот од трансферите на играчи во периодот од 2015 до 2024 година, покажува извештајот на Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES).
Според податоците на CIES, португалските клубови заработиле 2,34 милијарди евра. На второ место е англискиот Чемпионшип со заработка од 1,5 милијарди, трета е холандската Ередивизија со 1,49 милијарди, а во Топ 5 се бразилската лига (1,47) и аргентинската Примера (1,29).
Од продажбата на своите играчи најмногу профитирала Бенфика која во анализираниот период заработила 816 милиони евра.
Клубот од португалската престолнина ги кстави зад себе Ајакс и Ред Бул Салцбург на CIES рангирањето, кои заработија 473 милиони евра, односно 401 милиони евра.
Од 2015 до 2024 година, Челзи потрошил најмногу на трансфери, дури 2,78 милијарди евра. На второ место е Манчестер Сити со 1,96 милијарди, а трет е Манчестер Јунајтед со 1,95 милијарди евра. ег ФОТО: Фејсбук