• понеделник, 16 декември 2024

Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана ја презеде одговорноста за прогласувањето воена состојба

Поранешниот јужнокорејски министер за одбрана ја презеде одговорноста за прогласувањето воена состојба

Сеул, 10 декември 2024 (МИА) - Поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја, Ким Џонг-хјон изјави дека ја презема одговорноста за улогата на неговото министерство во одлуката за прогласување воена состојба минатата недела, пренесува агенцијата Јонхап.

„Целата одговорност е моја“, изјави Ким преку правниот советник. „Моите подредени само ги следеа наредбите. Барам разбирање за нив.“

Изјавата на Ким доаѓа во момент на интензивна истрага за неговата улога во ненадејното прогласување на воена состојба од претседателот Јун Сук-јол, кое беше укинато неколку часа подоцна поради силна политичка опозиција.

Според Јонхап, Ким се откажал од правото на сослушување за издадената наредба за апсење, што наметнува прашања дали тој е искористен како жртвено јагне за да се заштити претседателот од политички последици. Во саботата вечер, обидот на опозицијата за импичмент на претседателот пропадна. ссм/

фото: архива

Остани поврзан