Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга осудени на 14 и седум години затвор
- Пакистанскиот суд денеска ги осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан на 14, односно седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и неговиот адвокат.
Исламабад, 17 јануари 2025 (МИА) - Пакистанскиот суд денеска ги осуди веќе затворениот поранешен премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра Биби Кан на 14, односно седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални претставници и неговиот адвокат.
Тие се осудени по обвиненија за корупција во случајот Tруст Ал-Кадир, каде Кан и неговата сопруга се обвинети за проневера на 190 милиони фунти, објавија пакистанските медиуми.
Судијата ја изрече пресудата во затворот Адиjала, каде се сместени обвинетите Кан и Биби, објави АРИ Њуз. pп/
Фото: МИА архива