Поранешниот НБА кошаркар Дру Гордон загина во сообраќајна несреќа
- Поранешниот НБА центар Дру Гордон (33) загина во четвртокот во сообраќајна несреќа во Портланд, објави денеска ЕСПН.

Портланд, 31 мај 2024 (МИА) – Поранешниот НБА центар Дру Гордон (33) загина во четвртокот во сообраќајна несреќа во Портланд, објави денеска ЕСПН.
Дру Гордон е постар брат на Арон Гордон, кој минатата година со Денвер ја освои шампионската титула во НБА.
Дру Гордон одигра девет натпревари за Филаделфија во сезоната 2014/15.
Голем дел од својата кариера Гордон ја мина во Европа, настапувајќи за клубови во Србија, Полска, Италија, Турција, Франција, Литванија, Украина и Русија.
Кариерата ја заврши во сезоната 2022/23 во Јапонија. ег ФОТО: Фејсбук