• среда, 02 октомври 2024

Поранешниот американски претседател Џими Картер наполни 100 години

Поранешниот американски претседател Џими Картер наполни 100 години

Вашингтон, 1 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на САД, Џими Картер денеска наполни 100 години и стана првиот претседател кој го прославил тој роденден.

Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци се наоѓа во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува Би-Би-Си.

Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-тите како државен сенатор, „емотивно е ангажиран и сè уште има искуства, се смее и сака“, рече во септември неговиот внук Џејсон.

Според медиумите, овој стогодишник се уште има политички амбиции. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан