Поранешниот австриски голман Манингер загина во сообраќајна несреќа
- Според австриските медиуми, несреќета се случила во близина на Салбург кога воз на необележан премин удрил во возилото во кое се наоѓал Манингер.
Виена, 16 април 2026 (МИА) – Поранешниот голман на австриската репрезентација, Александар Манингер (48), загина во сообраќајна несреќа, објави денеска Фудбалската федерација на Австрија (ОФБ).
Според австриските медиуми, несреќета се случила во близина на Салбург кога воз на необележан премин удрил во возилото во кое се наоѓал Манингер.
За време на својата кариера, Манингер одигра 33 натпревари за австриската репрезентација, а на клупски план беше дел од Салцбург, ГАК, Арсенал, Фиорентина, Торино, Болоња, Сиена, Удинезе, Јувентус, Еспањол, Аугсбург и Ливерпул.
„Александар Манингер беше врвен амбасадор на австрискиот фудбал, како на теренот, така и надвор од него. Со својата меѓународна кариера, тој постави стандарди, инспирирајќи многу млади голмани. Со неговиот професионализам, смиреност и сигурност беше важен дел од тимовите за кои настапуваше“, се вели во соопштението на ОФБ.ег
ФОТО: ЕПА