Гледаноста во НБА оваа сезона се зголеми за 86 проценти
- НБА ги објави бројките за гледаност на своите натпревари од регуларната сезона 2025/26. Околу 170 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави ги гледале натпреварите на четирите примарни платформи за емитување на лигата (ABC/ESPN, Amazon Prime Video, NBC/Peacock и NBA TV).
Вашингтон, 16 април 2026 (МИА) - НБА ги објави бројките за гледаност на своите натпревари од регуларната сезона 2025/26. Околу 170 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави ги гледале натпреварите на четирите примарни платформи за емитување на лигата (ABC/ESPN, Amazon Prime Video, NBC/Peacock и NBA TV).
Ова се најдобрите бројки на лигата во последните 24 години, соопшти НБА. Во споредба со сезоната 2024/25, ова претставува зголемување од 86 проценти.
Во 2024 година, лигата потпиша нов 11-годишен медиумски договор вреден над 76 милијарди долари, кој стапи на сила на почетокот на сезоната 2025/26.
Вкупно 57 телевизиски преноси оваа сезона привлекоа просечно два милиони гледачи - најмногу од сезоната 2011/12.
Натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот беа гледани над 920 милиони часа, што е зголемување од 25 проценти во однос на минатата сезона и највисоко од 2011/12 година.
Во исто време, посетеноста на НБА арените во текот на изминатите три сезони е поголема од кој било друг период од три сезони во историјата на лигата.
Гледаноста на натпреварите од НБА купот се зголеми за 90 проценти. зс/
Фото: ЕПА