• понеделник, 23 декември 2024

Поради лошото однесување, Јувентус може да го отпушти Алегри пред крајот на сезоната

Поради лошото однесување, Јувентус може да го отпушти Алегри пред крајот на сезоната

Торино, 16 мај 2024 (МИА) - Јувентус може да го раскине договорот со тренерот Масимилијано Алегри и пред крајот на сезоната, тврди новинарот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, тренерот би можел да добие отказ во наредните часови, бидејќи раководството на клубот не е задоволно од однесувањето на 56-годишниот стручњак по освојувањето на Купот на Италија. Тимот од Торино во финалето ја совлада Аталанта (1:0).

Претходно беше објавено дека Алегри го нападнал директорот на италијанскиот весник „Тутоспорт“, Гвидо Вакаго по финалето на Купот.

Алегри е на чело на Јувентус од мај 2021 година. Тој претходно беше тренер на тимот од Торино од 2014 до 2019 година. На два натпревари до крајот на сезоната, Јувентус е четврти во Серија А со 67 бодови.

Наводно, Алегри синоќа имал брутална пресметка со уредникот на Тутоспорт. Тренерот го турнал новинарот и мавтал со прстот велејќи: „Знам каде да те најдам. Ќе дојдам да ти ги скинам двете уши. Ќе дојдам да те удрам со тупаница по лицето, напиши ја вистината во твојот весник“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан