Македонија во група со Х, Турција и Романија на одбојкарската кадетска Балканијада
- Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза на Балканскиот шампионат што од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука.
Скопје, 3 јули 2025 (МИА) – Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза на Балканскиот шампионат што од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука.
Македонските одбојкари се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора.
Македонија во првото коло од групната фаза на 9 јули ќе игра против Босна и Херцеговина, а ден подоцна ќе се соочи со Романија.
На 11 јули, во последното коло од групата противник на македонските одбојкарски кадети ќе биде Турција. ег
ФОТО: ОФМ