• петок, 05 декември 2025

Поради изгубени процеси во арбитражниот и европскиот суд за човекови права Албанија треба да исплати 198 милиони евра

Поради изгубени процеси во арбитражниот и европскиот суд за човекови права Албанија треба да исплати 198 милиони евра

Тирана, 1 декември 2025 (МИА) - Сметката што Албанија мора да ја плати по одлуките на арбитражниот и на европскиот суд за човекови права,  изнесува над 198 милиони евра или околу 20 милијарди лека.

Гледано одделно 180 милиони евра се врз основа на одлуки на арбитражниот судови, останатиот износ од над 18 милиони евра се од обврската што државата ја има кон оние што добиле случаи во Европскиот суд за човекови права.

-Буџетот за 2026 година покажува дека има 12 странски компании со кои албанската влада имала спорови, а во арбитражниот суд им е доделено правото на надомест на штетата што им е нанесена. Според обврските, до септември 2025 година, од 180 милиони евра, над 71 милион евра се обврски што произлегуваат од конечни одлуки, додека останатите се во постапка, објавија медиумите.

Случаите што го сочинуваат најголемиот дел од оваа сметка се за изгубените судења во арбитражниот суд  со италијанскиот бизнисмен Бекети и компаниите „Копри и Актор“, „ГБЦ Оил Компани“ и „Феникс Петролум“.

За одлуките донесени од судот во Стразбур, кои главно се однесувале на лица кои најчесто имале спорови околу имотни прашања, Министерството за финансии известува дека вкупните обврски се во вредност од над 18 милиони евра.

-Компаниите "Шарџи“, „Риста“ и „Зела“ и „Делијорѓи“ против Албанија се оние што го сочинуваат најголемиот дел од економската штета што треба да ја платат албанските граѓани, посочуваат медиумите. вт

Фото: Сајт на албанска Влада

 

Остани поврзан