• четврток, 01 август 2024

Понуда за Пјаниќ и од Челси

Понуда за Пјаниќ и од Челси
Лондон, 16 јуни 2020 (МИА) - Челси направи понуда за играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ. Се чини дека Бошњакот ќе ги напушти „бјанконерите“, бидејќи сака да игра во Барселона. Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има предлог и од Пари Сен Жермен. Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо и се подготвени за размена. Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.

Тагови

Остани поврзан