• вторник, 24 декември 2024

Усик вети парични награди за медал на украинските боксери

Усик вети парични награди за медал на украинските боксери


Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Украинските боксери имаат дополнителен мотив да освојуваат медали на Игрите во Париз, откако поранешниот светски првак во тешка категорија Олександр Усик вети дека самиот ќе им исплати парична награда доколку се искачат на олимпискиот пиедестал.
Украина на боксерскиот турнир на Олимписките игри во Париз има тројца учесници – Олександр Хижњак, Ајдер Абдураимов и Дмитро Ловчински.
„Им рече дека доколку освојат медали, тој лично ќе им даде бонуси, без разлика каков медал ќе освојат. За прво место наградата е 80.000 долари, за второ место е 70.000 долари и за трето место е 50.000 долари“, изјави тренерот на украинската боксерска репрезентација Дмитри Сосновски.
Украинскиот олимписки Комитет ја потврди информацијата дека Усик ќе ги награди боксерите во случај да освојат медал во Париз.
Усик (37) освои златен медал на Олимписките игри во Лондон 2012 во тешка категорија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан