• сабота, 23 ноември 2024

Полската амбасада во Москва полиена со црвена боја

Полската амбасада во Москва полиена со црвена боја
Москва, 12 мај 2022 (МИА) - Лица чиј идентитет сè уште не е познат, вчера ја полија со црвена боја амбасадата на Полска во Москва. Потегот следува откако Русија од Варшава побара официјално извинување за сличен инцидент, кога беше нападнат руски амбасадор во Полска, пишуваат странски медиуми.Во понеделникот, украински поддржувачи во Варшава со црвена боја полија руски амбасадор, додека тој чекорел да положи венец, во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна. Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски, да му врачи протесна нота поради „скандалозниот“ напад. Беше побарано и „официјално извинување“ од полската Влада. „Одлуката за следни чекори, ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведија од руското Министерство. Истиот ден, црвена боја е фрлена на зградата, каде се наоѓа полската амбасада во Москва. Како што информираат медиуми, Крајевски го потврдил инцидентот. Заменикот на полскиот министер за надворешни работи, Марцин Прзидац во Вашингтон изјави дека очекува Русија да го расчисти инцидентот и да ги фати виновниците. Шефот на полската дипломатија, Збигниев Рау во понеделникот истакна дека нападот врз рускиот амбасадор, е, инцидент што не требало да се случи. Полска прими стотици илјади украински бегалци, откако рускиот претседател Владимир Путин ја испрати својата војска во Украина на 24 февруари. бд/сд/

Остани поврзан