• понеделник, 23 декември 2024

Покетино: Ќе навиваме Лил да не го победи Анже

Покетино: Ќе навиваме Лил да не го победи Анже
Париз, 17 мај 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино изрази надеж дека неговиот тим може во последното коло да дојде до титулата во француската Лига 1. Во пресрет на последното, 38. коло, Лил е прв со еден бод предност пред ПСЖ. - Во фудбалот, најважно е да верувате во вашиот успех. Сè може да се случи. Мора да се фокусираме на играта против Брест и да се надеваме дека Лил нема да го победи Анже. Но, прво треба да се сконцентрираме на финалето на Купот на Франција против Монако. Во Лил има доволно искусни играчи. Според мене, сè ќе зависи од играчите, од нивната физичка и психолошка состојба, изјави Покетино за „Goal“. Натпреварите од последното коло во Францускиот фудбалски шампионат Пред последната рунда во францускиот шампионат, ПСG се наоѓа на второто место во поредокот со 79 бода и заостанува на еден бод од Лил, кој е на првата линија. зс/

Остани поврзан