• петок, 14 март 2025

Пожар на помошен објект на улица „Индустриска“ во Делчево

Пожар на помошен објект на улица „Индустриска“ во Делчево

Делчево, 14 март 2025 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Делчево интервенира на пожар што околу 12:00 часот избувна на помошен објект на улица „Индустриска“. На лице место се шестмина пожарникари со две возила кои го гаснат горниот дел од објектот каде се наоѓаат поголем дел суви греди. Во пожарот нема повредени лица.

Во близина на помошниот објект се наоѓаат објекти на неколку фирми и приватни живеалишта, но отстранета е опасноста од проширување на огнот на соседните објекти.

Очевидец кој работи во една од блиските конфекции вели дека помошниот објект бил зафатен од огнот кој бил запален на блиската нива, а потпомогнат од ветрот. 

Надлежните апелираат да не се оставаат непотребно возила на улицата со цел акцијата за гаснење да тече непречено.вс/ар
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан