• недела, 28 јули 2024

Пожар во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

Пожар во нафтена рафинерија во иранското пристаниште Бандар Абас

Техеран, 10 јули 2023 (МИА) – Во индустриската зона на пристанишниот град Бандар Абас, јужен Иран се запалија три танкери со нафта, кои се во сопственост на компанијата „Афтаб оил рафининг“ (Aftab Oil Rafining), објавија денеска државните медиуми.

Според извештаите од локални извори, се прават напори за гаснење на пожарот, но постои опасност од проширување и од експлозија на соседните тенкови, објави државната новинска агенција ИРНА.

Според ИРНА досега нема информации за евентуално настрадани луѓе. ми/

фото: пиксабеј

Остани поврзан