Пожар во Малибу: 40 хектари изгорени, воведена задолжителна евакуација
- Пожарникарите утринава се борат со пожар на отворено во Малибу, Калифорнија, во близина на Универзитетот „Пепердајн“, поради што е наложена задолжителна евакуација.
Малибу, 10 декември 2024 (МИА) - Пожарникарите утринава се борат со пожар на отворено во Малибу, Калифорнија, во близина на Универзитетот „Пепердајн“, поради што е наложена задолжителна евакуација.
Засега не е познато како настанал пожарот наречен „Френклин“, но според податоците на Противпожарната служба на округот Лос Анџелес, изгорени се најмалку 40 хектари, а загрозени се и објекти, јавува телевизијата КТЛА.
Националната метеоролошка служба прогнозира зајакнување на североисточните ветрови до 64 км/ч, со налети до 105 км/ч. До вчера вечер, беше прекинато електричното снабдување за десетици илјади корисници, бидејќи службите се обидуваат да ги намалат последиците од ветровите „Санта Ана“, познати по предизвикување шумски пожари.
Противпожарната служба издаде наредба за задолжителна евакуација за жителите источно од патот „Малибу Кенион“ и јужно од „Пиума Роуд“. Претставници на Универзитетот изјавија дека ја следат ситуацијата. ссм/
фото: ЕПА