• сабота, 23 ноември 2024

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинуваат бензините и дизелот
Скопје, 4 август 2022 (МИА) – Гривата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до три денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за два денари за литар и ќе чинат 93,5, односно 96 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,5 денари за литар и ќе се продава за 93 денари, а цената на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 91 денари. Со одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која и понатаму останува 53,343 денари за килограм. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 3,171 отсто, кај дизелот за 3,728, а кај екстра лесното масло во просек за 4,476 отсто, додека кај мазутот има зголемување во просек за околу 1,6 отсто. Курсот на денарот, пак, е за 0,224 отсто понизок од курсот на доларот.вј/са/

Остани поврзан