• среда, 27 ноември 2024

Под мотото „Да ја обновиме Европа сега“ либералите ја почнуваат трката за местото „кингмејкери“

Под мотото „Да ја обновиме Европа сега“ либералите ја почнуваат трката за местото „кингмејкери“

Брисел, 17 март 2024 (МИА) - Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) во среда и четврток во Брисел ќе го одржи својот вонреден Конгрес на кој треба да го усвои Изборниот манифест и својот водечки кандидат за изборите за членови на Европскиот парламент закажани за во јуни.

АЛДЕ е дел од групата „Да ја обновиме Европа“, која уште ја сочинуваат центристичката Европската демократска партија (ЕДП), осум партии кои не се членки на ниту една европска партија, меѓу кои најголема е Ренесанса (РЕ) на францускиот претседател Емануел Макрон, еден пратеник на социјал-либералната Волт Европа, како и неколкумина независни европратеници.

Според најавите, „Да ја обновиме Европа“ нема да оди со заеднички водечки кандидат, туку секоја од трите водечки партии во неа – АЛДЕ, ЕДП и Ренесансата ќе имаат свој  „шпиценкандидат“.

Европската демократска партија (ЕДП) на Конгресот во Фиренца на 8 март за свој водечки кандидат го избра својот генерален секретар и европратеник Сандро Гоѕи од партијата Да живее Италија (ИВ), додека Ренесанса на Макрон се реши за актуелната лидерка на „Да ја обновиме Европа“, Валери Ајер, иако во игра беше и еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон. 

На Конгресот во Брисел, чиј слоган е „Да ја обновиме Европа сега“, АЛДЕ треба да го избере свој  „шпиценкандидат“ откако претходно естонска премиерка Каја Калас, која важеше за фаворит за оваа позиција, ја одби кандидатурата, „вториот најпосакуван избор“, луксембуршкиот министер за надворешни работи Ксавиер Бетел изјави дека не заинтересиран за тоа место.

Ваквите повлекувања на фаворитите на останаа без коментар кај останатите партии. Така извори од Европската народна партија (ЕПП) иринично се запрашаа „зошто Калас не е располжена да ја прифати кандидатурата“, а уште подециден беше генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас кој оцени дека кај „либералите владее заглушувачка тишина за тоа како да продолжат“.

По одбивањето на Калас и Бетел, како кандидат на АЛДЕ се наметна пратеничката во германскиот Бундестаг, Мари-Агнес Штрак-Цимерман од Слободната демократска партија (ФДП).

Според најави од „Да ја обновиме Европа сега“, по конечниот избор на водечкиот кандидат на АЛДЕ, групата ќе реши кој од тројцата „шпиценкандидати“ ќе го предложи за претседател на Европската комисија. Извори во „Да ја обновиме Европа сега“ посочуваат дека тоа ќе биде Штрак-Цимерман, додека останатите двајца „шпиценкандидати“ повеќе имаат улога „да собираат гласови во кампањата“.

Но, номинацијата на Штрак-Цимерман отвора многу дилеми околу идната позиција на либералите, имајќи предвид дека таа доаѓа од партија која се противеше на неколку клучни закони поврзани со работничките права и Европскиот зелен договор и која дури и од редовите на либералното семејство беше обвинувања дека е „премногу конзервативна“. Германскиот весник „Ханделсблат“ минатиот месец објави дека ФДП во следниот период во Бундестагот има намера да блокира дури 14 законски решенија поврзани со регулативи на ЕУ.

Оттаму, се поставува прашањето дали со Штрак-Цимерман на чело, АЛДЕ нема да отстапи од својата традиционална федералистичка и прогресивна природа, од причина што ставовите и однесувањата на ФДП не секогаш може да се оценат како „проевропски и прогресивни“.

Покрај, изборот на „шпиценкандидат“, АЛДЕ на Конгресот ќе го усвои и партискиот Изборен манифест, во чија предлог-верзија се оценува дека актуелната Европска комисија „предводена од Европската народна партија (ЕПП) го занемарува“ единствениот пазар на ЕУ и приоритет се става на поттик на конкурентноста, заедничката одбрана и потребата од „создавање ново зелено законодавство што ќе и даде воздух на индустријата“. Меѓу останатите точки во програмата се наведени и проблемот со миграцијата, поддршката на земјоделците, заштитата на владеењето на правото, како и реформата на ЕУ.

Во манифестот се посочува дека либералите се залагаат за развој на единствениот европски пазар, кој ќе обезбеди „рамноправно и конкурентно деловно опкружување на ниво на ЕУ“. 

Во однос на Европскиот зелен договор, во документот се наведува идејата на Макрон за „пауза“ во законските регулативи поврзани со зелената и климатската транзиција, со цел да не се попречува бизнисот во Европа.

Во врска со миграцијата, либералите се залагаат за „хуман, јасен и стабилен“ пристап, со идеја да има се помогне на земјите на потекло на мигрантите да се справат со миграциските текови, но и „интеграција на стручно оспсобените мигранти“.

Во Предлог-манифестот, исто така, се поттикнува идејата за реформска дебата преку „преразгледување на договорите на ЕУ“, со цел да воспостави носење на одлуки со квалификувано мнозинство наместо со консензус, но и да се трансформира Европската комисија во „соодветна демократска влада“. Во делот на реформите се реафирмира идејата за директен избор на „претседател на ЕУ“.

Конгресот на АЛДЕ се одржува во време кога анектите на јавното мислење покажуваат дека ливералите од „вечно трети“ зад ЕПП и социјалдемократите, ќе паднат на петтото место по бројност во Европаралмент зад двете десничарски групи Идентитет и демократија (ИД) и Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Еврокомесарот за внатрешниот пазар на Европска Унија, Тиери Бретон, кој вчера учествуваше на министерскиот совет за туризам, изјави дека последици врз овој сектор ќе бидат огромни и дека Евро

Во такви услови либералите ја заострија предизборната реторика со критики на сметка на останатите партии, пред се ЕПП. Така, по изборот на актелната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот Бретон во објава на Икс изрази сомнеж дали таа има целосна поддршка од ЕПП. 

- Вистинското прашање сега. Дали е можно (повторно) да се довери управувањето со Европа на ЕПП уште пет години или 25 години по ред? Самата ЕПП се чини дека не верува во својот кандидат, наведе Бретон во објавата. 

Во одговор на „забелешката“ на Бретон, генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас оцени дека либералите „повеќе не се важни“ во ЕУ.

- Знам дека работите се особено тешки во Франција за Ренесансата, бидејќи тие се под притисок на екстремистите што доведе до слабеење на традиционалните левоцентристички и десноцентрстички сили, изјави Баколас.

Францускиот претседател Емануел Макрон за „Фајненшл тајмс“ изјави дека имало сиви области во управувањето со епидемијата на новиот  коронавирус од страна на Кина, јави дописникот на МИА

Инаку, ова не првпат претставници на ЕПП да го посочуваат Макрон како виновник за зајакнувањето на француската екстремна десница, чиј најистакнат претставник Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен е во убедливо водство на предизборните анкети.

Но, Макрон засега се воздржува да одговори на ваквите забелешки знаејќи дека либералите ќе бидат клучни при формирањето на идната про-ЕУ коалиција заедно со ЕПП и Прогрессивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), што би го ставило во позиција да се избори за некоја од врвните позиции во ЕУ за кадри на „Да ја обноивме Европа“.

Меѓутоа, евентуалната „либерална уцена“ би можела да предизвика контраефект, имајќи предвид дека од ЕПП веќе доаѓаат најави за можна соработка со „партиите од десницата кои сакаат да се оградат од екстремистичката реторика“. Сепак, преовладува ставот дека Макрон ќе биде пореален во барањата за значајните европски функции, имајќи предвид дека францускиот претседател со години на избори во Франција ги повикува граѓаните да гласаат за партиите на центарот со цел за да им се оневозмеже на екстремистите да дојдат на власт. Затоа е малку веројатно дека Макрон пред европските партнери ќе излезе со ставот „дајте ми го она што го барам, инаку во прашање е про-ЕУ коалицијата“. сп/

Фото: Икс/МИА Архива

Остани поврзан