• среда, 25 декември 2024

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор со соседни општини од Северна Македонија и Албанија

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор  со соседни општини од Северна Македонија и Албанија

Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска ќе изврши увид во работите за подобрување на системите за заштита од пожари во рамки на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“, во близина на Општина Врапчиште во село Градец.

Како што појаснуваат од Министерството за локална самоуправа, проектот „Прекуграничен противпожарен штит“ е за подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Северна Македонија и Албанија, поддржан од Европската Унија како дел од ИПА прекуграничната програма, со вкупен буџет од 859.196 евра, а водечки партнер е општината Врапчиште. бд/ев/

ФОТО: Министерство за локална самоуправа/ Принтскрин

Остани поврзан