• сабота, 23 ноември 2024

Панел дискусија за подобрување на менталното здравје и зајакнување на жените

Панел дискусија за подобрување на менталното здравје и зајакнување на жените

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија, дел од кампања за зајакнување на жените и нивното ментално здравје под наслов „Здравјето не е само физичко - ти ја имаш силата“.

Настанот е организиран од Центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација „Неокортекс“, а поддржан од „ДМ дрогерие маркт Македонија“.

- Анализата на извештаите и релевантните истражувања, како и искуствата од секојдневната практика, ја поттикнаа идејата и ја истакнаа потребата за оваа кампања, со цел подигнување на свеста за менталното здравје кај жените, дестигматизација, сензибилизација, како и отворен дијалог за предизвиците и стратегиите за превенција и третман. Оваа панел-дискусија е само дел од низата активности што ќе бидат спроведени во овие шест месеци, се наведува во соопштението на Центарот.

Организаторите најавуваат дека на панел дискусијата ќе се обрати првата дама Елизабета Ѓорѓиевска. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан