• среда, 27 ноември 2024

„Подлиот јас 4“ заработи 122,6 милиони долари за пет дена само во САД

„Подлиот јас 4“ заработи 122,6 милиони долари за пет дена само во САД

Лос Анџелес, 9 јyли 2024 (МИА) - Изминатиот празничен викенд во САД, кога земјата го славеше Денот на независноста, четвртиот дел од „Подлиот јас“ (Despicable Me 4), засега последното поглавје во серијалот филмови за Гру и мињоните заработи 122,6 милиони долари. Тоа важи за првите пет дена од објавувањето. Заработката само за трите дена од викендот изнесува 75 милиони.

Привлечноста на „Подлиот јас 4“ ги надминува границите, пишуваат западните медиуми. На меѓународно ниво, филмот заработи 106,9 милиони долари во 52 земји, со што неговата вкупна заработка засега изнесува 229,5 милиони долари.

За снимањето и продукцијата се потрошени 100 милиони долари.

Просечната оценка на ИМДБ засега е 6,3 /10, од вкупно 6.900 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“ го препорачуваат 53 отсто од критичарите и дури 90 отсто од гледачите во кино.  си/паг/

Фото: ИМДБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан