• четврток, 17 октомври 2024

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во Центар и Чаир

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во Центар и Чаир

16 октомври 2024 

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.

Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар - на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан