• понеделник, 25 ноември 2024

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад

Поддржувачите на ал Садр се повлекуваат од Зелената зона во Багдад
Багдад, 30 август 2022 (МИА) - Поддржувачите на ирачкиот шиитски лидер Муктада ал Садр денеска почнаа да се повлекуваат од Зелената зона во Багдад по неговиот повик да го сторат тоа и неговите критики дека е употребено оружје против органите на редот. Во судирите во Багдад во изминатите 24 часа животот го загубија 23 лица. По апелот на ал Садр до неговите поддржувачи, армијата веднаш го укина полицискиот час. Ал-Садр вчера објави дека се повлекува од политиката, по што неговите приврзаници ја нападнат владината палата во Зелената зона во Багдад. ми/

Остани поврзан