• понеделник, 18 ноември 2024

Повредата на Сака не е сериозна

Повредата на Сака не е сериозна


Лондон, 18 октомври 2024 (МИА) – Повредата на крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака не е сериозна и во лондонскиот клуб се надеваат дека тој ќе биде подготвен да настапи утрешниот натпревар на гостински терен против Борнмут во рамки на Премиер лигата.
Сака беше принудно повлечен од игра за време на шокантниот пораз на Англија со 2-1 во Лигата на нации од Грција на стадионот Вембли минатата недела поради мал проблем со тетивата. Фудбалерот потоа го напушти репрезентативниот камп и се врати во Арсенал, пропуштајќи ја победата на Англија од 3-1 на гостувањето во Финска.
„Сака не е сериозно повреден. Тој навистина добро се рехабилитира. Направи неколку работи во последните два дена. Тој не беше доволно подготвен за да игра со репрезентацијата во вториот натпревар, но ние се надеваме. Попладнево имаме тренинг, па останува да видиме дали навреме ќе биде подготвен“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.
Сезонава, Сака на седум натпревари за Арсенал во Премиер лигата постигна два гола и додаде седум асистенции. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан