Повик за доделување европска награда за поголема вклученост на Ромите во образованието

Штип, 19 февруари 2025 (МИА) - Објавен е повик за доделување на европска награда за образование од страна на Европската комисија, а со цел поголема вклученост на Ромите во образованието, информираше денеска Ерол Адемов вработен во Општина штип. Посочи дека на повикот може да аплицираат физички лица,приватни Универзитети, како и Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип. Станува збор за повик преку кој се работи на инклузија на Ромите во образованието.
-Повикот ќе трае до 28 февруари по белгиско време, апликациите се доставуваат електронски. Она што е важно за самата апликација бидејќи ова е шеста година, оваа година е област образование. Има широк спектар каде можат да аплицираат и физички лица, изјави Адемов.
Тој истакна дека за двете награди во игра се 14 преставници, од секоја земја по двајца. Адемов вели дека со посетата на Брисел на денот на доделување на наградите ќе има можност преставниците да се дружат, да разменат мислења, идеи.
-Ќе бидат доделени две награди. Првата награда е во висина од осум илјади евра, додека втората награда изнесува пет илјади евра. Ќе има вкупно 14 преставници од секоја земја по двајца, кои ќе бидат поканети на студиска посета во Брисел каде ќе има свечено доделување на таквите награди. Со тоа ќе може да се придонесе за инклузијата на Ромите во образованието во сите земји, рече Адемов. Целта е да се подигне степенот на образование кај Ромите, со цел и тие да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и полесно да можат да се вработат. вдј/са/
Фото: МИА