• вторник, 24 декември 2024

Повеќе од 80 цивили убиени на границата на Етиопија со Судан

Повеќе од 80 цивили убиени на границата на Етиопија со Судан
Адис Абеба, 13 јануари 2021 (МИА) - Повеќе од 80 цивили беа убиени во вторникот во нападот извршен во регионот Бенишангул-Гумуз на границата на Етиопија со Судан, објави денеска Етиопската државна комисија за човекови права. „Добивме информација дека над 80 цивили се убиени во уште еден масакр“, изјави советникот на Комисијата, Арон Маш. Повеќе од 220 лица беа убиени во истиот регион минатиот месец. Маш не кажа кој го извршил нападот. паг/  

Остани поврзан