• четврток, 26 декември 2024

Повеќе од 10.000 студенти дипломирале за 70 години на Земјоделскиот и индустрискиот факултет на Универзитетот во Русе

Повеќе од 10.000 студенти дипломирале за 70 години на Земјоделскиот и индустрискиот факултет на Универзитетот во Русе

Русе, 20 октомври 2024 (МИА/БТА) - Земјоделскиот и индустрискиот факултет (АИФ) на Универзитетот во Русе на 22 октомври годинава ќе прослави 70 години од своето основање. Во овој период на него дипломирале повеќе од 10.000 студенти, објави публицистот на универзитетот во дунавскиот град Викторија Иванова.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Според неа, ова е основачки факултет на современиот Универзитет во Русе.

„Со текот на годините, АИФ се етаблира како водечки образовен и научен центар во земјата, обучувајќи кадри во акредитираните професионални области „Машинско инженерство“, „Општо инженерство“ и „Одгледување растенија". Факултетот е пионер во областа на механизација и електрификација на земјоделството, како и во образованието на странски студенти“, објаснува Иванова.

Според неа, факултетот зазема приоритетни позиции во земјава како лидер во науката, обуката на кадрите и применетата дејност во областа на инженерските науки. Создадени се нови училници и лаборатории, а едно од значајните достигнувања е отворањето на Универзитетската ботаничка градина во 2021 година, која дава можности за научно истражување и едукација на јавноста во областа на растителниот диверзитет.

Во АИФ работат вкупно 40 наставници, меѓу кои академик, четворица професори, 18 вонредни професори, 16 главни асистенти и еден асистент. Има околу 380 студенти на додипломски и околу 120 магистранти, како и 30 докторанти.

Секоја година на факултетот се организираат традиционални мајски денови на специјалитетот, а на програмата е и изложба на современа земјоделска опрема.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

фото: БТА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан