• недела, 22 декември 2024

Повеќето автомобили во ЕУ испуштаат исто количество јаглерод диоксид како пред 12 години

Повеќето автомобили во ЕУ испуштаат исто количество јаглерод диоксид како пред 12 години

Брисел, 25 јануари 2024 (МИА) - Повеќето автомобили во Европската унија испуштаат исто количество јаглерод диоксид како пред 12 години, што значи дека целта за нето нула емисии се уште е далеку, се вели во најновиот извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

Според извештајот на ревизорот, реалните емисии од конвенционалните автомобили, кои сè уште сочинуваат речиси три четвртини од регистрациите на нови возила, не се намалени во споменатиот период.

„Во текот на последната деценија, емисиите на гасови останаа константни за дизел автомобилите, додека тие се благо намалени за 4,6 проценти за автомобилите на бензин“, се вели во соопштението на ревизорите.

Во споменатиот период масата на нови автомобили се зголемила во просек за 10 отсто, а моќноста на моторот за 25 отсто, што влијае на растот на штетните емисии.
ЕЦА посочува дека Европската Унија мора да ги „забрза напорите“ за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и дека електричните автомобили играат клучна улога во тој процес. ссм/

фото: архива

Остани поврзан