• петок, 26 јули 2024

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот.

На 18 мај осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото, кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа, како што се наведува, кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

- Имајќи предвид дека ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучи до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан