Победата на Реал над Сити е 300. во Лигата на шампионите
- Реал Мадрид го победи Манчестер сити со 3:2 синоќа на гостински терен во првиот натпревар од плејоф рундата од Лигата на шампионите. За мадридскиот тим оваа победа беше 300-та во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Европа.

Манчестер, 12 февруари 2025 (МИА) - Реал Мадрид го победи Манчестер сити со 3:2 синоќа на гостински терен во првиот натпревар од плејоф рундата од Лигата на шампионите. За мадридскиот тим оваа победа беше 300-та во најквалитетното клупско фудбалско натпреварување во Европа.
За ова достигнување на Реал Мадрид му беа потребни 498 натпревари во Лигата на шампионите и Купот на шампионите (до 1992 година вака се викаше главниот европски куп).
Баерн Минхен е втор по победи на оваа листа (241 победа на 402 натпревари), додека трета е Барселона (209 победи на 357 натпревари). зс/
Фото: ЕПА