• вторник, 01 октомври 2024

Пленковиќ најави самит за Украина во Дубровник

Пленковиќ најави самит за Украина во Дубровник

Загреб, 30 септември 2024 (МИА) - Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во интервју за ТВ Блумберг нагласи дека главната намера на самитот е да се покаже солидарност и поддршка за Украина од група земји кои имаат историски врски со украинскиот народ.

- Сакаме да ги поддржиме во нивните напори за слобода и територијален интегритет, но сакаме и да видиме како можеме да обезбедиме добро функционирање на украинската економија во околности кои често се многу тешки, рече Пленковиќ. зш/

Остани поврзан