• петок, 21 февруари 2025

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДСМ

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДСМ

Скопје, 14 февруари 2025

Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС.

Владата се погрижи 8 месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар.

ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.

Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите кои како готови му беа сервирани од разни институции.

Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС.

Неминовна е смената на Коцевски, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за истиот.

Одговорност има.

 

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан