Петрушевски: ЈО ќе го поткопа сериозно кредибилитетот ако не отвори постапка за Венко Филипче
- СООПШТЕНИЕ:

Скопје, 12 јуни 2025
Почитувани,
Филипче добил поклон ауди Q8 од фирма тендераш, до кога ЈО ќе молчи, има ли некој во СДС став или ставот е да се молчи, па ќе помине?
Венко Филипче добил луксузно ауди Q8 од 130.000 евра од фирмата Зобек мининг, тендераш и испорачувач на јаглен на ЕСМ.
Кој е мотивот некоја фирма добитник на тендер за испорака на јаглен да му купи луксузен џип на Венко Филипче, тогаш носител на листа за пратеници во изборната единица 4?
Дали само ЈО не гледа ништо спорно? Доволно е ЈО да почне со истражување на мотивот, зошто Венко Филипче го частеле луксузен џип?
Дополнително сè се заплеткува, што 9 милиони евра од истата фирма која го купила џипот на Филипче завршиле на сметка на фирма на Заев во Петрич, која дели канцеларија со фирмата на Венко Филипче.
Како е можно ЈО да молчи за луксузниот џип на Филипче и за 9 милиони евра префрлени во Бугарија на сметка на Заеви?
Венко Филипче не може да избегне да одговори на овие прашања. Народот очекува да ја слушне вистината, а ЈО мора да отвори постапка.
ЈО ќе си го поткопа сериозно кредибилитет ако не отвори постапка за Венко Филипче за случај кој е скица за корупција.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=5ZjDbdamOwA
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: ВМРО-ДПМНЕ