• сабота, 06 декември 2025

Мицкоски на гробиштата во Кочани запалил свеќа за настраданите во „Пулс“

Мицкоски на гробиштата во Кочани запалил свеќа за настраданите во „Пулс“

Кочани, 20 август 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги посетил градските гробишта во Кочани каде се погребани дел од жртвите на пожарот во дискотеката „Пулс“.

За посетата на гробишта каде запалил свеќа за жртвите, објави на Фејсбук родител на едно од загинатите деца во трагедијата во дискотека „Пулс“.

-Разбрав дека денес премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас, родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сѐ човек. Денес така го доживеав и премиерот, како човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно, вели родителот во објава на Фејсбук.

Мицкоски, денеска присуствуваше на настан во компанијата „Амфенол“ во Кочани. ис/аа/

Фото: Фејсбук принтскрин

Остани поврзан