Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски буквално ја применува пораката „со штитот или на него“ која СДСМ му ја упати од Собрание, наместо на народот и служи на партијата
- Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Главниот обвинител Коцевски до сега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
Очигледно е дека главниот обвинител Коцевски нема да си даде оставка, и дека тој избрал улога на маша во рацете на СДС. Но тој треба да знае дека одговорност за тие кои сега ги штити ќе има и ќе дојде, но исто така треба да знае дека и за секое негово незаконие на кое ќе се дрзне одговорност ќе има.
Се што до сега било направено, но и од сега ќе биде ревидирано во иднина.
Жално е само што главниот обвинител Коцевски целосно се стави во улога на заштитник на СДС и реши своеволно да го срамни со нула интегритетот на обвинителството.
Ние знаеме дека не сите обвинители се Љупчо Коцевски, дека голем дел имаат интегритет и знаење, само од партиски истурените не дошле во преден план, затоа ги охрабруваме да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците. А одговорноста за сите криминалци и тие кои ги штитат доаѓа.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=3yay_RezqmQ
https://www.swisstransfer.com/d/1c33dc7c-c932-48b3-ac08-d2493d8725fe
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ