• вторник, 24 декември 2024

Петровска: Дваесет и една година година непребол и незаборав

Петровска: Дваесет и една година година непребол и незаборав
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Дваесет и една година година непребол и незаборав за Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, десеттемината припадници на резервниот состав на Армијата, кои од заседа беа нападнати кај Карпалак во вооружениот конфликт во 2001 година, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска не нејзиниот фејсбук профил. - Секогаш кога гледаме кон иднината, не смееме да заборавиме на жртвите направени во минатото, за уште повеќе да го цениме она што го имаме денес. Бидејќи нема мир и слобода без заемна почит и без сеќавање. Во чест на загинатите Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Веби, Горан и Пеце, кои дадоа се', го дадоа својот живот и заминаа во вечноста како херои, а нас не' обврзаа да ги почитуваме нивните идеали и верувања. Слава им!, објави Петровска на фејсбук. цр/сп/

Остани поврзан