• четврток, 04 декември 2025

Проштална средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Проштална средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со српската амбасадорка Невена Јовановиќ

Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) - Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Република Србија во земјава, Н.Е. Невена Јовановиќ, соопшти Министерството за односи меѓу заедниците.  

Министерот Стоилковиќ искажал благодарност за досегашната успешна соработка и значајниот придонес на амбасадорката Јовановиќ во унапредувањето на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Србија за време на нејзиниот дипломатски мандат.

На средбата беа разгледани и повеќе актуелни прашања од заемен интерес, со посебен акцент на можностите за продлабочување на стратешката соработка, особено во делот на капитални инвестиции и реализација на заеднички проекти од стратешко значење.

Двајцата соговорници размениле мислења и за актуелните политички и економски состојби во двете земји и поширокиот регион, при што ја потврдија заедничката заложба за продолжување на редовниот политички дијалог на високо ниво. На средбата била потенцирана и важноста од координирани активности за поттикнување на демократскиот развој и забрзување на економската трансформација преку стабилна и одржлива меѓудржавна соработка. ац/

Фото: Министерство за односи меѓу заедниците

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан