• сабота, 23 ноември 2024

Петмина повредени во руски напад врз Одеса

Петмина повредени во руски напад врз Одеса

Одеса, 30 март 2024 (МИА) – Најмалку пет лица се повредени вчера и ноќеска во руски ракетен напад врз Одеса, соопштија локалните власти.

Меѓу повредените има и петнаесетгодишно момче, соопшти градоначалникот Хенадиј Труканов. Иако противвоздушната одбрана собори две ракети, нивни остатоци паднале на улиците и зградите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното редовно видео обраќање повторно ја повика меѓународната заедница за помош во заштитата од ракетни напади.

- Главна цел на непријателот во овој ракетен терор е нашиот енергетски сектор, рече Зеленски.

Украинската енергетска компанија Укренерго соопшти дека се неопходни кратења на снабдувањето во источниот регион Харков. Енергетската мрежа е под закана и во Одеса и во регионот Хмељницки. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан